Џони Хол е тату-артист од Мелбурн кој се истакнува над неговите колеги благодарение на флуоресцентните тетоважи кои „оживуваат“ под таканаречената црна, односно УВА светлина.
Покрај „обичните“ тетоважи, Џони изработува и тетоважи со бои кои светат под таканаречена црна, односно УВА светлина.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Тетоважите што ги прави Џони оживуваат под ултравиолетовата светлина со неонски бои, најчесто со сина нијанса.
Џони потекнува од Лондон, но на 23-годишна возраст се преселил во Австралија каде што почнал да студира уметност. Во 2015 година станал тату-артист и важи за првиот артист кој има специјализирано во тетовирање со бои кои светат под УВА светлина.
На својот Инстаграм профил, Џони има објаснето која тајна се крие зад неговите тетоважи:
„Боите кои се реактивни на УВ светлина не се исти со боите кои светат во темно. Работите светат во темно поради фосфоресценција, а тоа не е безбедно за човечкото тело.
Од друга страна, флуоресценцијата е природна реакција на ултравиолетовата светлината. Може да се забележи кај минералите, тоникот за пиење и некои видови скорпии и жаби.
Во овој случај, црната светлина емитува вид ултравиолетови зраци (УВА), кои ги тераат атомите да ослободат флуоресцентна светлина“.













