во , ,

11 Реални ситуации во кои ќе ја пронајдете својата баба

Бабите не прифаќаат дека не сте гладни, секогаш се на ваша страна и неретко не можат да ви го погодат името од прва – сите ќе се пронајдеме во барем некоја од овие ситуации.

Факт е дека бабите повеќе се грижат и повеќе ги разгалуваат нивните внуци, отколку нивните деца. За нив, внуците се најголемиот дар и постојано ги опсипуваат со љубов, подароци, но и многу храна.

Дури и откако ќе пораснеме и нашите баби нема да бидат со нас, засекогаш ќе ги помниме прекрасните мигови поминати со нив.

Во продолжение, пак, можете да погледнете неколку ситуации со нашите баби, што сигурно ви се познати, низ 12 забавни илустрации:

Бабите никогаш не прифаќаат дека не ви се јаде и секогаш нудат репете

Кога ви даваат пари, секогаш изгледа како да правите некоја нелегална зделка

Тие секогаш се на ваша страна, дури и ако сте направиле огромна грешка

Бабите ги разгалуваат внуците повеќе отколку што ги разгалувале своите деца

Во зима не ве пуштаат надвор без капа, шал, ракавици, две јакни…

Никогаш не ви го погодуваат името од прва

И за бабите, но и за дедовците, технологијата е мистерија

Секогаш се брутално искрени

Нивниот мирис секојпат ве потсетува на убави спомени

Ја користат секоја прилика да ви кажат дека во „нивно време“ било поубаво

Со задоволство ви покажуваат стари фотографии од семејството, особено оние од кои родителите се срамат

Кога и да ги посетите, тие ќе бидат пресреќни што ве гледаат

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Храм во Индија, има 8 тајни комори каде се кријат мистерии и неверојатно богатство

12 Корисници на TikTok споделуваат необични факти за нивните држави