во , ,

11 Фотографии од уникатните куќи во главниот град на Виетнам, Ханој

Најпопуларнте куќи во главниот град на Виетнам имаат ширина од само 2-3 метри, но можат да бидат долги 10, па и многу повеќе метри. Во нив живеат или едно семејство (родители и деца), или неколку генерации, а порано една куќа делеле и по шест семејства без крвна поврзаност.

Ако некогаш имате можност да го посетите Ханој, обрнете внимание на домовите.

Улиците на виетнамската престолнина се исполнети со тесни, но високи и долги куќи, кои со текот на времето станале најпопуларните живеалишта во градот.

Куќите, нарекувани nha ong на виетнамски, наликуваат на ходници – повеќето имаат ширина од едвај 3-4 метри, но нивната должина може да биде и трипати поголема. Некои градби се широки и по само два метра.

Во овие домови живее по едно семејство (родители и деца), но некогаш се заедничко живеалиште и на неколку генерации од истото семејство. Порано, пак, во една ваква куќа живееле и по неколку семејства кои не се крвно поврзани.

Се верува дека првите вакви куќи во Ханој се појавиле кон крајот на 19-тиот век кога во областа на градот почнале да се населуваат многу луѓе. Постојат неколку претпоставки за потеклото на дизајнот на овие куќи.

Некои сметаат дека причината е многу скапото земјиште. Кога населението во градот почнало да се зголемува, властите ставиле повисок данок на просторот што го зафаќаат домовите пред некоја улица.

Па, жителите почнале да го намалуваат тој простор, односно ширината. Бидејќи сепак им бил потребен простор во домот, почнале да градат во висина и должина бидејќи така плаќале помал данок.

Додека постарите куќи најчесто имале само по три ката, поновите можат да имаат и до 12 ката.

Некои вакви куќи имаат и мали дворчиња кои се како збирно место за сите кои живеат во нив.

Овие куќи ги има и по други градови во Виетнам, но дефинитивно се најистакнати во Ханој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Човек или добил на лото или е бил кај некоја жена. Пошто денес е недела – нема лото, логички е…

19 Луѓе чие секојдневие е како драмска претстава