во ,

14 Совети за безбедност што можат да ви го спасат животот и треба да ги знаете

Ако сте убодени со нож или друг предмет, никако не го отстранувајте – ножот ја блокира раната, а со тоа го спречува крвавењето и драстично ги зголемува шансите за преживување. Колку и да сме претпазливи, секој од нас може д асе најде во опасна ситуација.

Електричен пожар, напад од куче или диво животно, задавување со залак храна – постојат многу неочекувани ситуации кои можат да ни го загрозат животот. Но, ако знаете како да постапувате во ваквите ситуации, драстично ќе го намалите ризикот од повреди.

14 совети за безбедност што треба да ги знаете:

Реклама

Ако паднете во многу студена, речиси замрзната вода, откако ќе излезете веднаш соблечете ја облеката. Кога температурите се многу ниски, од влажната облека многу побрзо ќе се појави хипотермија.

Ако сте убодени со нож или друг предмет, никако не го отстранувајте – ножот ја блокира раната, а со тоа го спречува крвавењето и драстично ги зголемува шансите за преживување.

Ако треба да спасите личност која се дави во вода, фрлете ѝ предмет за којшто може да се фати, како јаже или гума. Ако се држи само за вас, во паника може и вам да ве повлече под вода.

Ако ви се запали маслото за јадење, покријте го со капак и тргнете го тенџерето или тавата од оган. Оставете го покриено барем пет минути и никако не ставајте вода или каква било течност.

Ако се задавите со храна додека сте сами, застанете на подот на колената и рацете, па нагло спуштете се кон подот. Ударот од подот ќе го истисне воздухот од белите дробови, а со тоа и храната.

Ако во домот ви мириса на риба без конкретна причина, можно е да станува збор за електричен пожар. Па, веднаш повикајте помош.

Ако ве касне диво животно, веднаш одете на лекар за да ви стават вакцина против беснило. Беснилото е една од најсмртоносните болести и штом ќе се појават првите симптоми, во речиси 100% од случаите настанува смрт.

Ако удрите во бандера и таа се сруши, немојте никако да излегувате од автомобилот и веднаш повикајте помош. Ако жиците од бандерата се скинати, постои огромна веројатност да ве фати струја ако излезете од автомобилот.

Ако имате мала рана која крвави, а сте далеку од болница, можете да искористите тутун од цигара. Тутунот има антисептички својства и колку-толку ќе ги спречи инфекциите додека да стигнете до лекар.

Користењето тапи ножеви во кујна може да биде многу поопасно од користењето наострен нож. Тапите ножеви полесно се лизгаат од храната, што значи постои поголема можност да се пресечете.

Ако се најдете во шума без вода и храна, не заборавајте дека водата е приоритет. Човечкото тело може да издржи неколку денови без храна, па прво пробајте да најдете вода за пиење. Потоа најдете засолниште каде што ќе можете да преноќите, па дури потоа тргнете во потрага по храна.

Ако паднете во брза река, секогаш пливајте дијагонално кон брегот, во насока на текот на реката. На овој начин ќе ја искористите силата на реката за побрзо да стигнете до брегот.

Ако се сомневате дека некој има мозочен удар, речете му да се насмевне – ако ја придвижи само едната половина од лицето, најверојатно станува збор за мозочен удар и треба веднаш да повикате брза помош.

Ако забележите дека на улица куче се подготвува да ве нападне, никако немојте да почнете да трчате – тогаш кучето ќе ве гледа како плен и ќе почне да ве брка. Наместо тоа, продолжете да се движите смирено и не го гледајте во очи. Ако кучето почне да трча кон вас, застанете исправено пред него и викнете гласно (повикајте и помош) – со ова ќе изгледате поголеми и тоа ќе се исплаши.


Супер Акција: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 Секојдневни навики кои треба да престанете да ги правите (ако сакате да покажете манири)

15 Парови кои се доказ дека љубовта може да трае целиот живот