
Мирни маршови и одбиен дијалог
Денешните демонстрации во главниот град на Албанија поминаа во мирна атмосфера, без пријавени инциденти и судири со полицијата, за разлика од некои претходни собири кои беа проследени со тензии. На илјадниците студенти на улиците денеска им се придружија и универзитетски професори, како и бројни претставници на граѓански организации.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Протестниот марш започна во близина на албанскиот парламент, каде што полицијата имаше поставено метални огради за обезбедување на просторот. Демонстрантите потоа мирно се упатија кон Министерството за образование, за на крајот масовно да се соберат пред зградата на Советот на министри (Владата).
Ултиматум до владата
Повеќе од две недели демонстрантите се децидни во своето барање за заминување на актуелната власт. Иако премиерот Еди Рама во неколку наврати јавно ги повика студентите на дијалог за да се разговара за нивните барања, тие категорично ја одбија неговата покана.
„Засега нема договор меѓу владата и демонстрантите за почеток на разговори, а студентите најавуваат дека протестите ќе продолжат сè додека не се исполни нивното главно барање за оставка од премиерот“, пренесуваат известувачите од Тирана.


