во , ,

17 Неверојатни песочни базени: Ако не може да одите на плажа, донесете ја во двор

Овие базени ги прослави шпанската компанија Piscinas de Arena NaturSand, а се направени на тој начин што изгледаат како мала плажа во вашиот двор.

Како што велат од компанијата, тие можат да ви направат опкружување слично како на природна плажа, а кога ќе ги погледнете фотографиите, ќе се убедите во нивните зборови.

Реклама

Компанијата ги изработува базените со посебна мешавина од бетон, која ја прекриваат со песок. Уште подобро е и што овие базени не се лизгаат, а најчесто изградбата трае помалку од еден месец.

Едниот дел од базените е многу плиток, исто како на плажа, па нема потреба од никакви скали.

Базените можат да имаат разни форми и различна длабочина, а иако компанијата е сместена во Шпанија, веќе нудат реновирање и конструкција на базени ширум целиот свет.

Би сакале ли ваков базен во вашиот двор?


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Жена поставила камера на чинијата со храна за птици, а фотографиите се неверојатни

Се оженив за полицајка…