во , , , ,

20 Безобразни работи што ги прават луѓето, а на сите им одат на нерви

Влегувате во автобус преморени од работа, но не можете да седнете бидејќи некој сакал да се испружи, па зафатил две седишта. Одите во маркет и сакате да го паркирате автомобилот, но некој си ја оставил количката за пазарење среде паркинг.

Влегувате во маркетот, но никако не можете да стигнете до рафтот што ви треба, бидејќи двајца пријатели сметаат дека е сосема во ред да почнат да зборуваат за ланскиот одмор среде продавница, не дозволувајќи им на другите да поминат.

Иако сите уште од најрана возраст нè учат да бидеме културни и да ги земаме предвид и другите кога сме на јавно место, дрското и безобразно однесување на луѓето е секојдневие. Скоро сите налетуваме на барем една ваква личност во текот на денот и најлошото од сè е тоа што ако се обидеме да ѝ укажеме на грешката на што е можно покултурен начин, најверојатно само ќе започнеме расправија.

Реклама

Бидејќи и форумџиите на Редит секојдневно се соочуваат со вакви луѓе, некои од нив решиле и да почнат да ги фотографираат и да ги објавуваат.

Погледнете дел од најпопуларните фотки на Редит кои одлично ги сумираат дрските луѓе и нивното безобразно однесување:

Луѓе кои го прават ова

Луѓе кои го блокираат целиот пат во продавница бидејќи им се прави муабет

Луѓе кои сакаат да поминат преку ред, па стојат малку настрана и се обидуваат да се протнат во редицата

Луѓе кои паркираат вака

Луѓе кои слушаат гласна музика во јавност без слушалки, како да си се дома

Луѓе кои бесрамно зафаќаат повеќе од едно седиште во автобус, па другите мораат да стојат

Тројца зафатиле дванаесет седишта на аеродром

Луѓе кои го прават ова со нивната коса

„Ова се случува во канцеларија – остава една коцка мраз наместо да го наполни целиот калап“

„Мислам дека пријателот и неговиот лаптоп заслужуваат да бидат во оваа категорија“

Луѓе кои прават хаос во теретаната што треба да ја користат многу други

„Работам во канцеларија со садисти!“

Луѓе кои безгрижно си ја оставаат количката за пазарење среде паркинг

„Овој маж си ги соблече чевлите во кафетеријата, па дури и си ги стави нозете на маса“

Луѓе кои не ги земаат предвид вработените кога има попуст во продавница за облека

Иронија – на транспарентот пишува „Земјата не се чисти сама“

„Во трговските центри има корпа на буквално секој чекор. Зошто ги терате вработените да ви го собираат ѓубрето?“

Луѓе кои си седат на скали на прометно место и им го блокираат патот на сите


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

30 Најлуди и најчудни куќи и домови од целиот свет

Изграден е уникатен мост што може да се преместува по потреба