во ,

23 Работи кои се типични само за Балканците

Балканците имаат неколку карактеристики кои ги прават поразлични од другите народи, а сигурно и вие ќе се пронајдете во повеќето:

1. Моравте да делите соба со братот или сестрата сè додека не наполнивте 27 години.

2. Сè што јадете мора да биде зачинето со кромид и лук.

3. На аеродром обично имате најмногу куфери.

4. На забавите обично касните најмалку 1 час и мислите дека тоа е сосема нормално.

5. Сите деца во семејството имаат прекари кои воопшто не се слични со нивните вистински имиња.

6. Кога си одите од гости застанувате на вратата и зборувате барем уште еден час.

7. Мајка ви секогаш ви вели дека сте премногу слаби иако имате барем 10 килограми повеќе од нормалното.

8. Домот ви е преполн со лекови на кои рокот на траење одамна им истекол.

9. Не знаете да ја употребувате машината за садови.

10. Ве избркале од некој ресторан затоа што сте биле премногу гласни.

11. Имате стара искината крпа во кујната и неа најмногу ја употребувате.

12. Кесите од продавница ги употребувате како кеси за отпадоци.

13. Вашиот татко барем еднаш има заклaно јагне во дворот.

14. Никогаш не се придржувате до рецептот кога готвите.

15. Кога зборувате со родителите, секогаш викаат иако знаат дека сосема добро ги слушате.

16. Ако повеќе не живеете со родителите, сепак се јавуваат да ве прашаат дали сте јаделе.

17. Сосема нормално е на свадбата да имате најмалку 300 – 350 гости, некои дури и првпат во живот што ги гледате.

18. Вашата сестра која има само 15 години може да испие многу повеќе од било кој Американец.

19. Имате модерни кујнски апарати, ама вашата мајка сè уште ја употребува рерната на дрво во вашиот подрум.

20. Имате подобар автомобил од вашите родители, иако е на нивен терет.

21. Вашите родители заминале еднаш на одмор и тоа без да излезат од граница.

22. Верувате дека вашата иднина е запишана во шолјата за кафе.

23. Алкохолот го криете по куфери, во пластични шишиња, под тони облека.

Што мислиш?

22 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

17 Познати мајки чии фигури станале поубави по раѓањето

16 Фотографии од домашни миленици кои ќе ви го разубават денот