Министерството за надворешни работи го повика на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов.
Овој дипломатски чекор следува по неодамнешните изјави на бугарскиот министер за надворешни работи, Георги Георгиев. Тој, во една своја изјава, го нарече македонскиот премиер Христијан Мицкоски „северномакедонски премиер“.
Остара вербална нота за изјавата на министерот Георгиев
На средбата во македонското МНР, на амбасадорот Ангелов му бил пренесен остар вербален протест. Од страна на МНР било истакнато дека таквите изјави не се во духот на градење на добрососедски односи. Тие се сметаат за директна провокација.
„Употребата на придавката ‘македонски’ е наше суверено право“
Македонската страна нагласила дека употребата на придавката „македонски“ за народот, јазикот и за сите други атрибути е суверено право на македонскиот народ. И дека тоа право не е отворено за дебата или за преговори. Од МНР потсетиле дека ова е во согласност и со Договорот од Преспа. Овој договор е признат и од Обединетите Нации и од Европската Унија.
Оваа дипломатска размена на пораки е само уште една епизода во долготрајниот спор меѓу двете земји. Иако е добро што Македонија покажува „рбет“ и не ги премолчува провокациите, вистинската битка не се води преку протестни ноти, туку преку градење на силни и стабилни сојузништва во рамките на ЕУ. И преку исполнување на домашните реформи кои ќе ѝ го одземат на Бугарија секој аргумент за блокада. Сè додека зависиме од нивната добра волја, тие ќе продолжат со провокации, а ние ќе продолжиме да пишуваме протестни ноти – игра во која однапред се знае победникот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден -
Книгосаурус
699 ден
559.20 ден