во , ,

8 Знаци дека сте исклучително паметни дури и ако не се чувствувате така

Навиките што се сметаат за лоши, како грицкањето нокти, жалење и џвакање на гума за џвакање, всушност се знаци дека сте попаметни од повеќето. Се разбира, не постои само еден вид интелигенција, бидејќи социјалната и емоционалната интелигенција се исто така важни. Има некои карактеристики на високо интелигентните луѓе што ги издвојуваат од останатите, а еве кои се тие.



1. Се жалите, но љубезно

Љубезни сте кога ќе забележите дека нешто не е во ред, без разлика дали е на работно место или во ресторан. Иако може да изгледа дека едноставно уживате да се жалите, тоа всушност покажува дека сте свесни и внимавате на вашата околина. Го разбирате влијанието што негативните работи можат да го имаат врз другите луѓе, а тоа прави да се чувствувате како да треба да изреагирате, но тоа секогаш  го правите на учтив начин.

2. Зборувате сами со себе

Научниците веруваат дека има огромни придобивки од „разговарање“ сами со себе. Да се ​​слушнете како кажувате нешто има поинакво влијание врз вашиот мозок отколку да го прочитате или размислите. Тоа всушност е поврзано со поголема емоционална зрелост и со поголема способност за донесување добри одлуки. Ова пак, укажува на поголема емоционална интелигенција.

3. Имате добра самоконтрола

Да се ​спротивставите на искушенијата е знак на интелигенција, особено кај адолесцентите. Истражувањата откриле дека луѓето кои се попаметни од просечните имаат поголема самоконтрола, особено во врска со нивната исхрана.

4. Можете да бидете сами

Луѓето со висока емоционална интелигенција обично сакаат се сами со своите мисли и идеи и немаат потреба да се дружат цело време за да бидат среќни. Наместо тоа, тие имаат само неколку блиски пријатели и уживаат во времето што го имаат за себе.

5. Не мислите дека сте многу паметни

Ефектот Данинг-Кругер сугерира дека луѓето кои имаат помала способност честопати се преценуваат себеси. Луѓето со повисока интелигенција ниту ја потценуваат ниту ја преценуваат нивната способност. Луѓето со повисоки нивоа на интелигенција се посвесни за она што не го знаат и, според тоа, не се гледаат себеси како особено паметни.

Ова е веројатно нешто што сте го забележале кај високо интелигентни индивидуи, кои никогаш не тврдат дека знаат сè и секогаш се љубопитни и подготвени да учат.

6. Ги грицкате ноктите

Една нова студија откри дека грцкањето на ноктите не е секогаш знак на вознемиреност. Според истражувањето, навиките за смирување, како грицкањето нокти и чешање, всушност се однесуваат на перфекционизмот и чувството на незадоволство. Луѓето кои имаат екстремни перфекционистички склоности може да се премногу интелегентни.

7. Џвакате гума за џвакање

Според истражувањето гумата за џвакање е директно поврзана со подобро решавање тестови и мемориски задачи. Вашата меморија, внимание и интелектуално функционирање може да се зголеми кога џвакате гума за џвакање.

8. Имате само неколку пријатели

Се верува дека попаметните луѓе имаат помалку пријатели и помали социјални кругови затоа што се понезависни. Луѓето порано требало да бидат во поголеми групи за да ловат и заедно да ги решаваат проблемите, но во денешно време ние сме помалку зависни, особено високо интелигентните луѓе кои можат сами да ги решат своите проблеми.

Што мислиш?

14 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Чекај, застани да поразговараме!“: Преслатка снимка од изненадувачки брза панда која брка паун

5 Оптички илузии кои се истовремено и тестови на личноста