во ,

9-годишниот Рајан Каџи е најплатениот јутјубер трета година по ред – заработил 30 милиони

Годинава 9-годишниот Рајан Каџи заработил 30 милиони долари од неговиот YouTube канал и, трета година по ред, Forbes го прогласи за најплатениот јутубер.

Супер Попуст
Банер

Сигурно сте слушнале за Рајан Каџи – 9-годишното дете кое заработува милиони благодарение на неговиот YouTube канал. Годинава, Рајан заработил речиси 30 милиони, па трета година по ред е прогласен за најплатениот јутубер од страна на Forbes.

Малото момче од Тексас снима видеа со рецензии за секакви играчки, а покрај заработката од каналот Ryan’s World, од Forbes споделуваат дека заработил уште неколку милиони од неговиот бренд играчки, но и дека потпишал милионски договор со Nickelodeon за негова телевизиска серија.

Рајан, кој веќе го нарекуваат „дете инфлуенсер“, првпат почна со правење видеа за YouTube во 2015-та година. Наводно, тој ја добил идејата за свој канал откако изгледал неколку видеа со рецензии за играчки. Денес неговиот канал го следат 41.7 милиони корисници, а неговите видеа се прегледани над 12 милијарди пати.

Неговото најпознато видео, кое можете да го погледнете во продолжение, има над 2 милијарди прегледи и е едно од 60-те најгледани видеа на YouTube.

Forbes ја објави листата за најплатени јутубери на 18-ти декември, а второто место, веднаш после Рајан, му припадна на јутберот Џими Доналдсон кој заработил околу 24 милиони. На третото место, со заработка од 23 милиони, е каналот Dude Perfect, кој го водат пет пријатели.

10-те YouTube канали со најголема заработка за 2020

1. Ryan’s World на Рајан Каџи – 29,5 милиони

2. Mr. Beast на Џими Доналдсон – 24 милиони

3. Dude Perfect, канал што го водат пет пријатели – 23 милиони

4. Good Mythical Morning на Рет Џејмс и Чарлс Линколн – 20 милиони

5. Markiplier на Марк Фишбах – 19,5 милиони

6. Preston на Престон Арсемент – 19 милиони

7. Like Nastya на Анастасија Раџинскаја – 18,5 милиони

8. Blippi – Educational Videos for Kids на Стевин Џон – 17 милиони

9. David Dobrik на Дејвид Добрик – 16 милиони

10. jeffreestar на Џефри Лин – 15 милиони

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бездомник доби целосна трансформација и семејство откако 10 години бил сметан за мртов

10 Ситуации во кои Меган Маркл нѐ потсети на принцезата Дијана и ни предзивика горко-слатки емоции