Хуанг бил единствениот жител во селото и сакал по секоја цена да го сочува и да му ја врати душата. За среќа, успеал во тоа!
Пред десетина години 86-годишниот Хуанг Јунг-Фу се соочил со опасноста тајванската влада да го затвори неговото село бидејќи тој бил единствениот преостанат жител.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден

Му биле понудени пари за да спакува сè од неговиот дом и да се пресели на друго место. Но, тој не можел да го стори тоа затоа што куќата што ја имал во тоа мало тајванско село му била единствениот дом за кој знаел.
Затоа почнал да црта на старите трошни куќи и целото село го претворил во уметничко дело. Хуанг станал познат како „Rainbow Grandpa“.












