Немаат само жените неверојатни искуства со онлајн купувањето на облека.
Жените понекогаш несовесно купуваат, но сепак судејќи според оваа објава ништо подобри не се ниту мажите.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Најурнебеснотo интернет купување кое што станало вирално, му се случило на маж – Дилан Еванс кој што самоуверено купувал онлајн панталони и очила за сонце.
Неодамна му било испорачано тоа, но сепак наместо нарачаното – добил долг црвен фустан.
Дилан ја споделил фотографијата потврдувајќи го неговото онлајн купување на кое што се гледаат платените артикли.
Покрај фотографијата, го објавил и фустанот кој што го добил, и ни повеќе ни помалку тој го облекол и се фотографирал.
Ayy @ASOS (I might be wrong) but, I’m pretty sure you’ve sent me the wrong order… pic.twitter.com/mFRTi3yg6T
— DYLAN EVANS (@MrDylanEvans) April 11, 2018
Секако, фотографиите за кратко станале вирални, а неговата објава била предмет за многубројни шеги и коментари кои што се нижеле.


