во ,

Негова 14-та победа по ред: „Кралот на хот-дозите“ го собори светскиот рекорд на натпреварувањето на Денот на независноста на САД

„Кралот на хот-дозите“, Џои Честнат, вчера го надмина сопствениот рекорд така што изеде 76 сендвичи со виршла, на овогодинешниот натпревар во јадење хот-дози.

Ова е негова 14-та победа во натпреварувањето. 37-годишниот Џои од Калифорнија ја надмина својата минатогодишна победа јадејќи еден хот-дог повеќе. Организаторите велат дека со неговиот „дигестивен потфат“, кога САД ја слави својата независност од британската власт, Честнат го срушил светскиот рекорд.

Супер Летен Попуст

Во женска конкуренција победи 37-годишната Мишел Леско од Аризона која изела нешто помалку од 31 хот-дог. Сепак, таа беше далеку под женскиот светски рекорд кој минатата година го постави Мики Судо, со изедени 48 и пол хот-дози за 10 минути.

Минатата година натпреварувањето се одржуваше без гледачи поради пандемијата на коронавирус.

Инаку ваквиот натпревар постои од 1972 година и се одржува секоја година, за да се одбележи Денот на независноста на САД.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Приказната за вистинскиот Тарзан – 41 година живеел во џунгла, а скоро дознал дека постојат жени: „Тој е бебе заробено во тело на маж“

Највисокиот замок од песок изграден во Данска Потрошени 5 тони материјал, украсен со специјални мотиви