во ,

Колега побрзајте, имате само уште една минута“, го опоменал професорот, а тој продолжил да пишува…

Студенти полагале писмен испит. Времето за полагање било веќе при крај и сите на брзина ги предаваат своите тестови, само еден од нив останал да си допише.

„Колега побрзајте, имате само уште една минута“, го опоменал професорот, а тој продолжил да пишува.

Реклама

По десетина минути професорот повторно:

„Колега, за џабе пишувате, вашиот испит нема да биде прифатен, времето одамна помина.“

На тоа, студентот станал, се доближил до катедрата и го прашал професорот:

„А, добро, знаете ли вие кој сум јас?“

„Не знам, а и не ме интересира!“, одговорил професорот.

„Одлично!“, рекол студентот, го пикнал својот лист меѓу тестовите на останатите студенти и си заминал.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во рајот го сретнале Свети Петар и го запрашале дали може да се венчаат затоа што тоа многу ќе им значи…

Како успеа човече да направиш толку богатство?