
Известувањето во живо може да донесе многу непредвидени ситуации, но ретко кој очекува напад од врана! Токму тоа ѝ се случи на хрватската новинарка Рeгина Зубановиќ за време на емисијата „Добро утро, Хрватска“ на ХРТ, кога во среде пренос од Макарска, една упорна врана реши да ги „освои“ нејзините светкави балетанки.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Додека разговараше со соговорничката, птицата одеднаш ја нападна и почна да се обидува да ѝ ги извади чевлите, принудувајќи ја Рeгина да скока и се обидува да ја избрка. Со насмевка, новинарката успеа да ја задржи смиреноста и дури се пошегува: „Изгледа, добивме уште еден гостин!“
Инцидентот предизвика смеа во студиото кај водителите Давор Мештровиќ и Злата Мук Сушец, но Рeгина професионално го продолжи излагањето, коментирајќи: „Пред да ме изеде оваа птица, дозволете ми да ве поздравам!“
Мештровиќ ја спореди сцената со култниот филм „Птиците“ на Хичкок, пофалувајќи ја новинарката за нејзината смиреност во толку необичен момент. Снимката брзо се прошири по социјалните мрежи, а регионот сè уште зборува за храбрата реакција на Рeгина!


