
Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во финалето на турнирот во Шангај откако во полуфиналниот меч го победи Тејлор Фриц во два сета (6:4, 7:6). Новак по полуфиналниот меч го истакна следново:
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден
– Ваквите битки, особено пред крајот на турнирот, бараат многу енергија во оваа фаза од мојата кариера. Тејлор е во одлична форма, не сакав да одам во третиот сет, сакав да го завршам во два. Дојдов во Шангај по пет години неиграње во Кина. Имав многу добри натпревари овде, поддршката што ја добивам е феноменална, ми дава енергија да продолжам. Сакам да стигнам до 100. титула, ќе имам шанса против најдобриот во светот и ќе видиме што ќе се случи – изјави Ѓоковиќ на англиски, а потоа додаде на српски:
– Овие победи даваат многу самодоверба. Му се обраќам на Sinner кој е најдобар во светот оваа година, дефинитивно е фаворит, но сакам да играм во Кина и да одам на победа!
Во финалниот меч Ѓоковиќ ќе се сретне со Јаник Синер.


