
Зоолошката градина во Скопје ќе остане затворена за посетители следните три недели, по потврда на птичји грип H5N1 кај една угината гуска во езерцето. Одлуката следи по лабораториските тестови извршени од Факултетот за ветеринарна медицина, кои го потврдија присуството на високо патогениот сој на вирусот.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Властите веќе спроведоа итни мерки, вклучувајќи хумано отстранување на над 30 птици, меѓу кои патки, гуски, кокошки и една чавка. Според Законот за ветеринарно здравство, се воведени строги мерки за спречување на ширењето на болеста, вклучувајќи забрана за движење на животни и ограничен пристап на луѓе во зоолошката.

Ова е прв потврден случај на птичји грип во зоолошката, по последните случаи на високо патогена инфлуенца во Македонија од 2022 година.


