
Хрватската поп дива, Нина Бадриќ, одржа уште еден емотивен концерт во Скопје, каде што ја освои публиката со нејзиниот моќен глас и искрени емоции. На сцената во Македонската филхармонија, облечена во елегантна црна тоалета, таа исполни стари и нови хитови, а секоја песна беше дочекана со огромен аплауз од преполната сала.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден

На средината на концертот, Нина не успеа да ги задржи солзите, препуштајќи се на чувствата кои ги разбуди скопската публика. Во тој момент, таа изјави: „Скопје треба да се препише на рецепт. Вашата љубов ме лекува, поради неа сум жива.“

Бадриќ, која е редовен гостин во Скопје, замина опсипана со љубов и искрени реакции од своите фанови, кои секогаш знаат да ѝ возвратат на харизмата и топлината што ја носи со себе.



