
На Европското првенство во таеквондо за деца во Тирана, сведоци беа на инцидент кој ја вознемири јавноста – тренер од Косово физички ја нападнал својата осумгодишна ученичка по нејзиниот пораз од Србинката Нина Савиќ.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Тренерот, видно нервозен по поразот, ја повлекол девојчето Валина Фетиу, насилно ѝ го извадил шлемот и ја удрил со шлаканица. Моментот на агресија предизвикал девојчето да почне да плаче, додека една од судиите пристапила за да ја утеши со прегратка.
По инцидентот, организаторите веднаш реагирале, суспендирајќи го тренерот за шест месеци, што предизвика многу дискусии во спортските кругови околу етичкото и безбедносното однесување кон младите спортисти.
— Pluton (@Pluton45873221) November 10, 2024


