
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно го воодушеви интернетот со несекојдневна илузија на теренот. На ново видео кое брзо стана вирално, Ѓоковиќ „лебди“ над тениската мрежа – сцена што изгледа невозможно, но предизвика бројни реакции и воодушевување на социјалните мрежи.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Овој забавен трик е дело на соработка меѓу Ѓоковиќ и познатиот креатор на илузии Ари, кој е специјализиран за создавање уникатни спортски видеа што изгледаат како да ги кршат законите на физиката. Ари, кој живее во Лос Анџелес, веќе соработувал со спортски ѕвезди како Том Брејди и Стеф Кари, а своите креативни кампањи ги има реализирано и за светски брендови.
View this post on Instagram
Иако засега не се откриваат детали за понатамошната соработка на Ѓоковиќ и Ари, ова видео брзо привлече внимание – за помалку од еден час, снимката собра речиси 40.000 допаѓања. Останува да видиме какви други изненадувања ќе донесе оваа креативна соработка!


