во ,

Германија дозволи автомобили без возачи по патиштата


Од 1 декември 2025 година Германија воведува нов модел на мобилност – возење без физички возач во кабината. Станува збор за „телевозење“, каде што автомобилот е под целосна контрола на возач кој се наоѓа во специјализиран центар и го управува преку камери, волан и педали поврзани со стабилна 5G интернет-врска.

Важно е да се истакне дека ова не е автономно возење. Одлуките ги носи живо лице, а не вештачка интелигенција. Возачите од далечина мораат да бидат најмалку 21-годишни, со најмалку три години возачко искуство и специјална обука, и можат да управуваат само со едно возило во даден момент. Хонорарна работа не е дозволена.

Супер Летен Попуст

Возилата ќе смеат да се движат само во однапред дефинирани и одобрени зони – индустриски комплекси, делови од градови, пристаништа или терминали. Максималната брзина е 70 км/ч, а на автопатишта 80 км/ч. Во случај на прекин на интернет-врската, возилото е обврзано автоматски да застане безбедно. Првите пилот-проекти веќе функционираат со шатл-услуги и камиони во логистички зони.

Овој систем е преодна фаза што ја спојува новата технологија со строгите безбедносни регулативи, а конечната евалуација на ефектите се очекува до 2030 година.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откријте го психопатот: Еве кој знак го издава дека тој е таков!

Кој град е најстресен за туристите?