во ,

Таблетот што е изграден како тенк: Рецензија на Blackview Active 5

Таблет што може да преживее и апокалипса: Зошто Blackview Active 5 не е за секого, но е совршен за оние на кои навистина им треба

Во еден свет преплавен со тенки, елегантни и екстремно кршливи таблети, се појавува еден бунтовник. Blackview Active 5 не се обидува да биде iPad. Тој не е дизајниран за во кафуле или за во дневната соба. Неговата мисија е да преживее таму каде што другите би се скршиле на илјада парчиња – на градилиште, во планина, во работилница или во рацете на немирни деца. Ова не е само таблет; ова е дигитален алат изграден како тенк.

Супер Попуст
Банер

Клучни карактеристики

  • 8,68″ IPS LCD екран со HD+ резолуција и брзина на освежување од 90 Hz.
  • осумјадрен
  • Осумјадрен оперативен чип Unisoc T615 со 8+8 GB RAM и 128 GB простор за проширување на податоци
  • Стерео звучници + 3,5 mm аудио приклучок
  • 6 батерија од 600 mAh
  • поддршка за 4G мрежи

Дизајн и издржливост

На прв поглед, Blackview Active 5 остава впечаток на издржливост. Куќиштето е направено од цврсти материјали со гумирани рабови и зајакнати агли, што му дава дополнителна отпорност на удари.

Со тежина од 510 грама и дебелина од 12,3 мм, далеку е од тенки и елегантни таблети, но димензиите тука се функција на отпор.

Копчето за вклучување од страна го интегрира читачот на отпечатоци од прсти, а има и отклучување со лице.

Уредот има сертификати IP68 и IP69K, што значи целосна отпорност на прашина и потопување во вода до 1,5 метри длабочина во траење од 30 минути. Сите отвори имаат гумени заптивки. Понатаму, исполнувањето на воениот стандард MIL-STD-810H потврдува дека уредот издржува падови, вибрации и екстремни температури.

Предниот дел од екранот е заштитен со Panda Glass, а има и претходно нанесена фолија.

Оваа комбинација го прави Blackview Active 5 погоден за градилишта, индустриски постројки, работа на терен и активности на отворено.

Екран

Таблетот доаѓа со 8,68-инчен IPS екран со резолуција од 1340 × 800 пиксели. Иако не е на ниво на највисоките стандарди во однос на острината и деталите, екранот е со доволен квалитет за секојдневни задачи, прегледување документи, интернет и мултимедија. Осветлувањето е доволно за релативно добра читливост на отворено.

Посебно треба да се спомене брзината на освежување од 90 Hz, што овозможува потечно движење низ интерфејсот и апликациите. За заштита на екранот се користи Panda Glass, што ја зголемува отпорноста на гребнатини и удари.

Пакетот доаѓа и со основно пенкало, кое ќе го олесни цртањето и прелистувањето по екранот.

Звук

Репродукцијата на звукот е обезбедена од два Smart-K BOX стерео звучници. Тие се наоѓаат на горниот и долниот дел од уредот (во хоризонтална положба) и испорачуваат изненадувачки јасен и моќен звук.

Овој квалитет ги надминува очекувањата во овој ценовен и наменски сегмент, што го прави таблетот погоден за мултимедија, видео повици и презентации без потреба од дополнителни звучници.
Камери
Иако куќиштето за камера на задната страна, слично на iPhone, би ве навело да помислите дека тука има цела група камери, всушност има само две. Една позади и една напред.
Предната камера е опремена со сензор од 13 MP и ќе служи за видео повици и селфи фотографии повремено. Исто така, снима видео во FHD квалитет.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Не е растение: Бизарното суштество што плива го збуни светот

Генијалците со осум краци: Како октоподите размислуваат со секој крак посебно