во ,

Збогум на топлиот октомври, студен бран од Алпите носи дожд и снег

Од северозапад преку Алпскиот регион кон територијата на нашата Република Македонија ни доаѓа влажен и поладен воздушен бран кој во понеделник попладне и навечер, како и во вторник (4 ноември), ќе услови повремени локални врнежи од дожд.

Врнежите повремено и локално ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат околу 15 литри на метар квадратен. Особено во вторник (4 ноември) ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Со овој бран, врнежи ќе има и во Скопје и околината, проследени со засилен северен ветер. Исто така, ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Прв снег на планините и пад на температурите

Поради падот на температурите во вторник (4 ноември), на највисоките места на планините Пелистер, Шар Планина, Кораб и Солунска глава ќе има услови за провејување на снег.

Во вторник максималните температури ќе бидат пониски поради продорот на поладниот воздух и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Блокадерите“ фрлаа камења, полицијата спречи упад во „Чациленд“

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 НОЕМВРИ: Лавот е во добро расположение, некои ситуации му одат во прилог на Стрелецот