
Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
ОВЕН
Денес сте нервозни или имате дилеми кои не знаете како да ги решите, или пак постои некој раскорак во времето и не сте сигурни дали можете своите обврски да ги завршите во рокот. Саканата личност ви праќа измешани сигнали и не сте сигурни како да изреагирате.
БИК
Иако постојат збунувачки ситуации кои ќе се фатите да ги решите, генерално гледано енергијата на овој ден ви одговара. Се чувствувате сигурно и така и настапувате кон соработниците. Емотивниот партнер или симпатијата ве изненадуваат позитивно со своите постапки.
БЛИЗНАЦИ
Добивате контрадикторни или задоцнети информации за ситуациите кои ви се битни, но и покрај тоа успевате „на мускули“ да го решите она што е пред вас. Денес комуникацијата со личноста која ја сакате по малку „чкрипи“. Не се откажувајте на пречките.
РАК
Ве чека брзање и расеаност кога се обврските во прашање, особено во првиот дел од денот. Многу сте ангажирани и посветени на она што го работите и успевате сè да приведете кон крајот навреме. Саканата личност ви покажува повеќе внимание од вообичаено.
ЛАВ
Не сфаќајте ги овие ситуации олесно и повеќе посветете им се, за да не ја пропуштите шансата за заработка која денес се отвора. Некој ви помага на полесен начин да го решите проблемот што го имате. Привлечност кон некого постои, но сè уште нема конкретни акции.
ДЕВИЦА
Тешкотии во договорите со деловните партнери. Намерите и на вас и на другата страна се добри, но постои недоразбирање и сопнување на ситници. Денот погодува за убави случувања со партнерот во малку поинтимна атмосфера. Нема да ви годи гужва.
ВАГА
Колку и да се трудите да побрзате, постојано ќе имате чувство дека доцните или дека нема да успеете да ги испочитувате роковите кои ви се дадени. Кога правите планови со партнерот, водете сметка да не ја заборавите својата обврска или ветување кон пријател.
ШКОРПИЈА
И деловно и емотивно денот е добар за вас. Единствено можете да имате оптоварување или проблеми во врска со финансиите. Во прашање е или непланиран трошок или дури и загуба на пари. Но, за утеха, денес можете да остварите и прилив од дополнителен деловен ангажман.
СТРЕЛЕЦ
Ќе ви се чини денес дека колку повеќе брзате, толку повеќе се сопнувате. Можеби проблемот е и во тоа што не сте доволно организирани, а се обидувате сè одеднаш да завршите. Вистински момент е за разговор и отвореност со саканата личност.
ЈАРЕЦ
Не можете да се вклопите со другите, не можете да фатите чекор со обврските, а во еден момент може дури и да изгледа дека ќе дојде до расуло. Но, имате вие поддршка и помош и желба од другите да ви помогнат и да ве растоварат. Малку време за саканата личност.
ВОДОЛИЈА
Парите денес ви одат, а ни самите не знаете каде и како. Премногу сте „широка рака“ и лесни на отворање на паричникот. Деловно, губите време на ситници, фокусирајте се на приоритетите. Пријатни емотивни изненадувања.
РИБИ
Ќе бидете непријатно изненадени од некои ситуации поврзани со работата, бидејќи сте очекувале поголема поддршка од надредениот или блиските соработници. Меѓу саканата личност и вас постои разбирање – не го расипувајте тоа со своите несигурности.
- 
La Linea v1
699 ден
559.20 ден - 
Петок
699 ден
559.20 ден - 
La Linea v3
699 ден
559.20 ден - 
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден - 
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден - 
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден 







