во ,

Италијанската тајна за студените денови: Mинестроне чорба од еден лонец

Ова јадење се готви во еден лонец, а резултатот е хранлива, мирисна чорба која ги грее стомакот и душата.

Познатата италијанска минестроне чорба е совршен оброк за студените денови. Таа е повеќе од само супа – таа е комплетен оброк полн со зеленчук, тестенини и медитерански вкусови. Најдобро од сè е што се подготвува брзо и во само еден сад, што значи помалку миење садови и повеќе уживање.

Состојки за минестроне:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 главица кромид (ситно сечкан)
  • 2 чешниња лук (ситно сечкани)
  • 1 морков (сечкан на коцки)
  • 1 црвена пиперка (сечкана на коцки)
  • 1 помала тиквичка (сечкана на коцки)
  • 1 шолја ситни тестенини (по избор)
  • 400 гр домати (пелати или сечкани)
  • 1 л супа од зеленчук или пилешка (бујон)
  • 1 рака свежа блитва или спанаќ (ситно сечкани)
  • Сол, бибер, оригано, босилек (по вкус)

Подготовка:

  1. Во длабок лонец, загрејте го маслиновото масло. Додадете ги ситно сечканиот кромид и лук и пропржете ги додека не омекнат.
  2. Додадете го сечканиот зеленчук (морков, пиперка, тиквичка) и динстајте околу 5 минути додека зеленчукот малку да омекне.
  3. Истурете ги доматите и бујонот, промешајте и оставете да се готви на средна температура 10-15 минути.
  4. Додадете ги тестенините и варете ги онолку долго колку што е наведено на пакувањето, додека не омекнат.
  5. На самиот крај, додадете ја сечканата блитва или спанаќот и зачините по вкус. Гответе уште минута-две, додека зелјето не овене.
  6. Послужете ја чорбата топла, со малку сечкан магдонос и пармезан по желба.
Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кина ги претстави роботите-пожарникари што одат таму каде што човекот не смее