во ,

Десет билиони пати посилно од Сонцето: Oва е најсветлиот „крик“ од црна дупка

Научниците ја открија најсјајната светлина некогаш исфрлена од црна дупка, која има јачина 10 билиони пати поголема од Сонцето, пренесува денес „ABC News“.

Ваквите изливи на светлина и енергија можат да бидат резултат на интеракција на магнетни полиња, или исфрлање на загреан гас што ги опкружува црните дупки. Овие феномени им помагаат на истражувачите да ја разберат внатрешноста на црните дупки.

Оваа појава била снимена уште во 2018 година од камера на Опсерваторијата Паломар во Калифорнија, а снимената светлина сјаела со најсилен интензитет околу три месеци, по што почнала да слабее. Најверојатно, тоа се случило затоа што некоја голема ѕвезда премногу се приближила до црната дупка и била „раскината“ на парчиња.

Повеќе од само светлина – поглед во младиот универзум

„На почетокот не можевме да веруваме во бројките што го покажуваа интензитетот на енергијата“, рече авторот на студијата, Метју Греам од Институтот за технологија во Калифорнија. Резултатите од истражувањето се објавени денес во журналот „Nature Astronomy“.

Изливот на светлина потекнува од супермасивна црна дупка оддалечена 10 милијарди светлосни години, што го прави најдалечниот ваков настан што е снимен. Ова значи дека светлината потекнува од времето кога универзумот бил релативно млад.

Проучувањето на ваквите појави им помага на истражувачите подобро да ја разберат ѕвездената околина околу супермасивните црни дупки. Речиси секоја голема галаксија, вклучувајќи го и нашиот Млечен Пат, има во својот центар супермасивна црна дупка, но научниците сè уште не се сигурни како тие се формираат.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Италијанската тајна за студените денови: Mинестроне чорба од еден лонец

Дали ЕУ има време за Македонија додека војната ја притиска за проширување?