во ,

Трагедија во Тузла: 11 неподвижни штитеници изгореа живи во домот

Најмалку 11 лица смртно настрадаа во катастрофалниот пожар што синоќа го зафати Домот за пензионери во Тузла, додека 35 лица побарале лекарска помош.

Пожарот, кој избувнал на седмиот кат од зградата, бил кобен за штитениците кои биле сместени таму. Како што јавува Klix, станува збор за неподвижни лица со изразито нарушена здравствена состојба, кои не можеле да избегаат од пламените јазици.

Повеќе од само жртви – повредени и спасувачите

Во Универзитетскиот клинички центар во Тузла помош побарале 35 лица. Градоначалникот Зијад Лугавиќ изјави дека меѓу повредените не се само штитеници и вработени во домот, туку и полициски службеници, пожарникари и медицински техничари кои учествувале во спасувачката акција. Според неофицијални информации, тројца од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По краткото затишје, од петок се враќа „потопот“ со над 25 литри дожд

Се бројат мртвите по падот на авионот, Луивил во пламен и црн чад