
Огромен скандал го тресе турскиот фудбал откако обвинителите побараа апсење на 21 лице, вклучувајќи 17 активни фудбалски судии и еден претседател на клуб од првата лига, поради вмешаност во обложување и местење натпревари.
Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека 17 судии се осомничени за занемарување на своите должности и манипулирање со резултатите од натпреварите, додека претседателот на клубот се товари за местење резултати. Досега, 18 од 21 осомничени се веќе приведени.
Повеќе од само судии – „Морална криза“ во целиот систем
Истрагата на Турската фудбалска асоцијација (ТФФ) открила шокантни податоци: од 571 активни судии во турските професионални лиги, дури 371 имале сметки за обложување, а 152 од нив активно учествувале во обложување.
Претседателот на ТФФ, Ибрахим Хачиосманоглу, го нарече ова „морална криза“ во турскиот фудбал. Веднаш по откривањето на аферата, Турската фудбалска асоцијација веднаш суспендираше 149 фудбалски судии и нивни помошници.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







