
Инфлацијата во октомври достигна 4,5%, храната поскапа за 7 отсто
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека во октомври индексот на трошоците на живот забележал мала месечна дефлација од 0,2% во споредба со септември. Ова се должи на поевтинувањето на транспортот за 6,1%. Сепак, ова благо намалување не го менува годишниот тренд.
Во однос на октомври 2024 година, трошоците на живот пораснале за 4,5%. Највидливо поскапување е регистрирано кај храната и безалкохолните пијалаци, кои за една година се зголемиле за 7%. За споредба, облеката и обувките поскапеле за 2,8%, што доведува до заклучок дека во државата е поевтино да се облечеш отколку да се храниш.
Повеќе од само статистика: Синдикалната кошничка „тежи“ 65.544 денари
Минималната синдикална кошница во октомври пораснала за 467 денари, а за просечно четиричлено семејство месечните трошоци изнесувале 65.544 денари. Најмногу се зголемиле трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври достигнале 23.772 денари, што е раст од 378 денари за само еден месец.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







