во ,

Трамп им вети по 2.000 долари на Американците – парите ќе дојдат од царините.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека на речиси сите Американци ќе им бидат исплатени по 2.000 долари од царинските приходи што ги собрала неговата администрација.

„Дивиденда од најмалку 2.000 долари по лице (не сметајќи ги луѓето со високи приходи) ќе им биде исплатена на сите“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.

Трамп: Оние кои се против царините се „будали“

Трамп исто така наведе дека луѓето кои се против царините се „будали“. „Сега сме најбогатата, најпочитуваната земја во светот, речиси без инфлација и со рекордна цена на акциите. Пензиските фондови 401k се на највисоко ниво досега“, напиша Трамп.

Тој истакна дека Соединетите Држави добиваат милијарди долари и дека наскоро ќе почнат да го отплаќаат својот огромен долг од 37 милијарди долари. „Рекордни инвестиции во САД, фабрики и погони никнуваат насекаде“, додаде Трамп.

Повеќе од само ветување – царините на суд

Ова ветување доаѓа во време кога Врховниот суд на САД минатата недела ја сослуша усната расправа по тужбата против царините на Трамп. Три пониски судови веќе пресудија дека неговата употреба на вонредни овластувања за воведување царини била незаконска.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

БОРБА НА ЖИВОТ И СМРТ: ПИТОН ОД 6 МЕТРИ го зграпчи водичот и го одвлече во реката! (ВИДЕО)

Ја дизајнирале да преживее нуклеарна војна, а Том Хенкс ја нарече „најстрашна“.