
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ освои значајно признание во Индија.
Филмот ја доби наградата „Сребрен Чин“ доделена од детското жири на 19-тото издание на „CHINH India Kids Film Festival & Forum“ во Њу Делхи. Ова е особено важно бидејќи на овој фестивал децата сами ги гледаат, дискутираат и гласаат за победниците, што ја прави наградата уште позначајна.
Филмот влегува во училиштата во Индија
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Фестивалот CHINH е водечка азиска платформа, а наградените филмови влегуваат во широка образовна мрежа од библиотеки и училишта, што отвора можности за прикажување низ цела Индија.
„Ова признание ни е особено драго затоа што доаѓа директно од публиката за која филмот е создаден“, изјави режисерот Гоце Цветановски по добивањето на наградата.


