
Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага против 43-годишен скопјанец за разбојништво, извршено со брутално насилство на 15 ноември.
Инцидентот се случил спроти трговски центар, каде осомничениот заедно со уште едно лице (по кое сè уште се трага) следеле жртва. Нападот почнал со удари со тупаници во главата и закана со боксирач.
Го шутирале на земја за 8.800 денари
Супер Попуст -25%
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Откако му одзеле 8.800 денари од јакната, го турнале човекот на земја и продолжиле да го удираат со клоци. Пред да избегаат, насилниците се обиделе да му го скршат и мобилниот телефон. Обвинителството достави предлог за определување мерка притвор за уапсениот.


