
Малку пред полноќ во понеделник навечер, во култниот небодер „Вјесник“ на Славонска авенија во Загреб избувна голем пожар.
Огнот се ширел вертикално, зафаќајќи неколку ката и покривот на зградата. Граѓаните пријавиле појава на густ црн чад и видливи пламени, по што на терен веднаш излегле голем број противпожарни екипи (над 50 пожарникари со 20 возила).
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден

Пожарникарите повлечени од внатрешноста поради опасност
Состојбата е критична – пожарот сè уште е активен и се шири низ структурните отвори. Поради зголемената опасност, Јавната противпожарна служба на Загреб соопшти дека пожарникарите се повлечени од внатрешноста на објектот. Сите противпожарни станици во градот се испразнети и моментално се пополнуваат со резервни сили за да се стави стихијата под контрола.


