во ,

„Механички балет“ на минус 20: Како Монтреал го чисти снегот со 2.500 машини во совршен ритам?

Во Монтреал чистењето снег не е обична работа, тоа е спектакл што личи на воено-логистичка операција и синхронизиран „механички балет“.

Градот мобилизира вистинска армија за секоја снежна операција: околу 3.000 работници и меѓу 2.200 и 2.500 возила (плугови, фрези, багери) кои чистат над 10.000 километри улици. Процесот е толку брз и координиран што една улица се расчистува за само неколку минути, а целиот град, во фази, за 24 до 48 часа.

Како изгледа „танцот на машините“?

Супер Попуст -25%

Видеата на социјалните мрежи го прикажуваат овој фасцинантен процес: плуговите ја туркаат првата линија снег, огромни фрези го „шмукаат“ и го фрлаат директно во камиони што се движат паралелно, додека багерите го собираат остатокот. Снегот не се остава на улиците, туку се товари (околу 300.000 тури годишно) и се носи во специјални депонии.

Монтреал и Скопје – две различни планети

Додека кај нас често се чека машините да стигнат и една улица се чисти со часови, во Монтреал нема импровизација – секој има дефинирана рута и време. Клучот е во организацијата: прво се чистат булеварите и болничките рути, а машините не запираат додека градот не е чист.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ИСТОРИСКА ОДЛУКА НА ЕУ: Строго се забранува врзување на кучиња и мачки!

ПЕКОЛ ВО ХОНГКОНГ: 36 мртви, речиси 300 исчезнати, горат 7 облакодери!