
„Тато, зошто балонот си отиде иако толку многу го сакав?“ – Емотивна приказна која ја крие суровата вистина за човечките односи и лажната слобода.
Малата Теона добила голем балон со ликот на Минион од својот татко и скокала од радост, но во еден миг случајно го испуштила. Балонот одлетал високо без да се сврти назад, оставајќи го девојчето во солзи. На нејзиното прашање дали друго девојче ќе го сака повеќе, таткото ѝ дал одговор кој таа тогаш не можела да го разбере, но кој крие длабока животна мудрост: „Балоните не знаат дека вистинската слобода е во рацете на некој што ги сака.“
Луѓето се како балони – се надувуваат, летаат високо, па паѓаат ниско
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Приказната носи силна метафора за оние кои бараат развод или крај на врската мислејќи дека пропуштаат нешто подобро. Животот учи дека луѓето, исто како балоните, често се „надувуваат“ и бараат слобода далеку од оние што ги сакаат. Но, најчесто, таму горе остануваат сами, препуштени на ветровите, сè додека не спласнат и не паднат многу ниско, заплеткани и сами, чекајќи некој да ги собере како ѓубре.


