
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги поништил сите уредби и документи потпишани од неговиот претходник, Џозеф Бајден, тврдејќи дека тие се правно неважечки.
Причината за овој радикален потег, според Трамп, е користењето на уред за автоматско потпишување (autopen). На својата платформа „Truth Social“, тој напиша: „Секој документ кој го потпишал Поспаниот Џо користејќи автоматско пенкало, што е околу 92 проценти од нив, со ова се поништува и повеќе нема никаква правна сила“.
Супер Попуст -25%
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Засега останува нејасно какви ќе бидат правните последици од оваа одлука и како таа ќе се спроведе во пракса.


