
Ужас во Колумбија: Матурска екскурзија заврши трагично, автобус со ученици падна во провалија длабока 80 метри
Светот е во шок по страшната сообраќајна несреќа во Колумбија, каде што најмалку 12 лица загинаа, а околу 20 се повредени откако автобус се урна во клисура длабока 80 метри. Трагедијата се случила во регионот Антиокија, додека ученици од завршните класови се враќале од матурска екскурзија на карипскиот брег кон градот Бело, во близина на Меделин.
Жртвите се на возраст од 16 до 18 години
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Според локалните власти, повеќето од жртвите се тинејџери на возраст меѓу 16 и 18 години. Иако официјалната бројка на загинати е 12, некои медиуми шпекулираат дека бројот може да биде и 16. Гувернерот на Антиокија изјави дека ова е „тажен ден“ за регионот, додека Националниот одбор за безбедност веќе истражува што точно довело до тоа автобусот со четириесетина патници да излета од патот во руралната област недалеку од Сеговија.


