
Жена од кочанско е уапсена синоќа во 20 часот на улица во Кочани, откако полицијата утврдила дека управува возило во тешка алкохолизирана состојба.
При редовна сообраќајна контрола, запрено е возило „Фолксваген поло“ со кочански регистарски таблички, управувано од 45-годишната Н.М. од селото Горни Подлог.
Супер Попуст -25%
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Алкотестот покажал присуство на дури 2,63 промили алкохол во крвта на возачката. Поради ваквата состојба, таа веднаш била исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица, а против неа ќе бидат преземени соодветни законски мерки.


