во ,

Ова го нема ниту Западот: Кина ја објави првата снимка од невидливиот дрон CH-7

Кинескиот „невидлив“ ѕвер полета: Први снимки од футуристичкиот дрон CH-7

Кина го крена превезот од својата најнова воена гордост. Државните медиуми за првпат објавија снимки од летот на стелт-дронот CH-7, тестиран на аеродромот Пученг. Леталото, кое има карактеристичен дизајн на „летечко крило“ (слично на американскиот B-2 бомбардер), е дизајнирано да биде невидливо за радарите, со скриен издувен канал и назабени рабови за намалена рефлексија.

Брзина од 930 км/ч и технологија за извоз што Западот ја нема

Супер Попуст -25%

Овој дрон, развиен од корпорацијата CASC, има автономија од 15 часа и достигнува брзина од 930 км/ч. Иако примарно е наменет за извидување и шпионажа на непријателски територии (особено над Пацификот), тој може да носи и помало оружје. Она што го прави уникатен е планот за извоз – Кина планира да им го понуди на странски купувачи, пополнувајќи ја празнината на пазарот каде САД одбиваат да продаваат ваква напредна технологија.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп најави крај на војната: „Сè е договорено 95 отсто, ова се последните недели од конфликтот“

Макрон: Чекор поблиску сме до траен мир во Украина, се дефинираат гаранциите