
ВМРО-ДПМНЕ слави во Маврово и Ростуше: Онер Јакупоски е новиот градоначалник
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, вечерва прогласи победа на повторените избори во Општина Маврово и Ростуше. Според партиските информации, кандидатот Онер Јакупоски ја добил довербата на граѓаните и е избран за нов градоначалник на општината.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден

„Верувам во визија за развој и напредок“
Сајкоски упати јавна честитка и благодарност до партиските структури за вложениот труд. „Ви посакувам успешен мандат, исполнет со мудри одлуки и одговорно лидерство. Верувам дека со искрена посветеност ќе придонесете за благосостојбата на сите граѓани“, му порача Сајкоски на победникот Јакупоски.


