во ,

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13 ЈАНУАРИ: Овните денес се тивки и напнати…

Овен: Денеска сте непредвидливи. Или ќе молчите и ќе работите во изолација, или ќе бидете толку нервозни што едвај чекате конфликт за да „одбрусите“. Внимавајте, партнерот може да биде непријатно изненаден од вашето однесување.

Бик: Тензијата со соработниците е очигледна. Колку повеќе притискате за договори, толку посилен ќе биде контраефектот. Во љубовта – експлозивна мешавина од страст и нервоза.

Близнаци: Повторно истото сценарио – луѓето не ги исполнуваат ветувањата. Наместо да реагирате, „искулирајте“ ги. Емотивно, денот е одличен за страст, но очаен за разговор.

♋ Рак, ♌ Лав, ♍ Девица: Емотивност и скриени желби

Рак: Денеска сè сфаќате премногу лично. Критиките од колегите ве палат како кибрит. Дури и со партнерот тешко ќе сокриете колку ве погодуваат ситниците.

Лав: Се чувствувате уморно од постојаното бркање рокови и планови што закочуваат во последен момент. Во љубовта сте на „ролеркостер“ – од голема љубов до бесмислени расправии.

Девица: Финансиите ве загрижуваат, но и желбата да го поправите односот со една личност на работа. Некој во вас буди силни страсти и не излегува од вашите мисли.

♎ Вага, ♏ Шкорпија, ♐ Стрелец: Внатрешни конфликти

Вага: Денеска како да одите против себе. Сакате на една страна, а ситуациите ве туркаат на друга. Избегнувајте конфликти со колегите, а во љубовта – мир ќе имате само со многу труд.

Шкорпија: Толку сте занесени во вашите планови што ќе заборавите на тековните обврски. Тешко наоѓате заеднички јазик со личноста што ви се допаѓа; некој ќе мора да „спушти топка“.

Стрелец: Окленувањето може да ве чини пари. Финансиските прилики лесно се испуштаат денеска. Се обидувате да ја подобрите комуникацијата со партнерот, но трошите повеќе отколку што планиравте.

♑ Јарец, ♒ Водолија, ♓ Риби: Тврдоглавост и отпор

Јарец: Се разминувате во размислувањата со соработниците. Потребен е компромис, а не инает. Слично е и со партнерот – и двајцата сте премногу тврдоглави денеска.

Водолија: Расположението ви се менува во секунда, што ги збунува колегите. Ви треба „вентил“ – долга прошетка или физичка активност за да го испразните мозокот.

Риби: Денеска само ги „оталувате“ обврските. Намерно работите побавно за да не ви натоварат дополнителна работа. Емотивно не сте задоволни, плановите за денеска ќе мора да почекаат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денешна состојба: Студено со сончеви периоди

Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година