во ,

РАБОТНИК СКОКНА ВО ЗАЛЕАДЕНО ЕЗЕРО И СПАСИ ДЕВОЈЧЕ (5), СЕ ШИРИ ДРАМАТИЧЕН СНИМОК: Луѓе бесни на пожарникари

Индиски работник скокна во залеадено езеро и спаси девојче (5)

КРАЈОВА – Нов драматичен снимок од спасувањето на девојче (5) од залеадено езеро во паркот „Николае Романеску” во романскиот град Крајова ги обиколи социјалните мрежи. На снимката се гледа моментот кога индиски државјанин, вработен во близок ресторан, без оклевање скокнува во ледена вода за да го спаси детето кое паднало во езерото.

Детето било во вода 15-20 минути

Супер Попуст -25%


Инцидентот се случи во сабота, а според сведоштвата на очевидци, мажот прв прискокна во помош, обидувајќи се да го дофати девојчето со носила, додека пожарникарите од брегот подготвувале чамец и се обидувале да го разбијат мразот. Детето, според наводите, било во вода меѓу 15 и 20 минути, што предизвика огорчување кај присутните поради бавната интервенција.

Шестмина возрасни учествувале во акцијата

По индискиот државјанин, во вода скокна и таткото на девојчето, а потоа уште четворица минувачи. Вкупно шестмина возрасни учествувале во акцијата на спасување, додека пожарникарите се обидувале да пристапат до детето со чамец низ дебелиот слој мраз. Единицата ISU Dolj соопшти дека детето во моментот на несреќата било околу 10 метри оддалечено од брегот. На местото на настанот беа упатени екипа на SMURD и спасувачки чамец. Еден од возрасните кој влегол во вода имал тешкотии да се врати на брег и беше извлечен со помош на пожарникарите.

Сите учесници превезени во болница

Сите учесници во акцијата, вклучувајќи го и детето, беа превезени во болница. Како што беше соопштено, биле при свест и во стабилна состојба.

Спасителот е Випан Кумар (47) од Индија

Спасителот на девојчето е индиски државјанин Випан Кумар (47), кој се наоѓа во Романија од јуни 2024 година. Моментално работи како неквалификуван работник и живее во округот Долж. Иако на почеток погрешно се верувааше дека е од Непал, подоцна беше потврдено дека станува збор за државјанин на Индија.

Локален одборник бара признание за хероjот

Локалниот одборник Теодор Сас јавно го пофали неговиот херојски чин и ги повика градските власти да му одадат признание. „Без размислување за сопствената безбедност, без камери и аплаузи, овој човек покажа неверојатна храброст и големо срце. Човештвото нема граници, а храброста нема пасош”, порача Сас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Ова го нема ни на филм“: Пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕидот на судијата Ристов

ОТКРИВЕН НАЈГОЛЕМИОТ БРОД ВО ИСТОРИЈАТА, СТАР 600 ГОДИНИ: Научници изненадени од она што го затекнале внатре