
Денешниот ден носи претежно облачно небо и повремени врнежи, а југоистокот ќе ја почувствува најсилната дождовна тура.
Според најавата, ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, каде што се очекуваат над 15 l/m². На планините врнежите ќе бидат од снег, а поради продор на постуден воздух, дождот ќе преминува во снег и на дел од повисоките места.
Магла во котлините, југоисточен ветер со умерени засилувања
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Во одредени котлини се најавува појава на магла, што може да ја намали видливоста во утринските и вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.


