во ,

Андоновски најави системско воведување на AI во јавниот сектор, рамка и податоци пред сè

Стефан Андоновски најави системски пристап за користење на вештачката интелигенција во јавниот сектор, со фокус на рамка, податоци и реална имплементација

На конференцијата „AI for Society & Smart Governance“ во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, министерот за дигитална трансформација порача дека клучното прашање не е дали државата ќе користи AI, туку како ќе ја користи. Тој нагласи дека без јасни правила, квалитетни податоци и инфраструктура, AI останува само идеја „на хартија“, наместо алатка што им служи на граѓаните.

Супер Попуст -25%

Како конкретни чекори ги посочи Националната ИКТ стратегија 2025–2030, подготовката на Национална стратегија за вештачка интелигенција со академијата и институциите, како и интеграција на AI асистент на data.gov.mk. Дополнително, ја истакна иницијативата за Центарот за вештачка интелигенција „Везилка“, со цел развој на домашни GPU капацитети и модели на македонски јазик.

На прашање за Правилникот на АВМУ за инфлуенсери, Андоновски рече дека ги разбира реакциите и дека се можни измени по барање на Здружението на инфлуенсери. Тој објасни дека постои правилник врз основа на законските измени од 2023, кој предвидува задолжителна регистрација, но смета дека не треба ригидно да се третираат креаторите на содржини како платформите.

Министерот направи споредба со колумнисти, со аргумент дека ако традиционалните автори не се подложни на „високи критериуми“ за регистрација, нема логика истото да важи и за инфлуенсерите. Тој додаде дека „неформалниот водич“ создал забуна, бидејќи бил сфатен како обврзувачки иако нема правна тежина, и најави средба следната недела со Здружението за да се отворат и расчистат сите спорни прашања.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Силен ветер во Гевгелија, откорнат дел од кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“, нема повредени

Апокалиптични сцени во Грција, силната бура поплави крајбрежја и улици