
Сопругата на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, Мартина, експресно ги разби обвинувањата на опозицијата, откривајќи дека фамозната чанта за која СДСМ тврдеше дека вреди цело богатство, всушност чини помалку од 1.000 денари.
Во екот на политичките препукувања, СДСМ излезе со тврдење дека сопругата на градоначалникот на отчетниот настан носела луксузна „Хермес“ (Hermès) чанта вредна вртоглави 30.000 долари. Но, Мартина Ѓорѓиевска не остана должна и преку социјалните мрежи им одржа лекција по скромност, приложувајќи докази дека чантата е купена на попуст за скромни 944 денари во продавница на „Obuća Metro“.
„Повелете чантата на увид, купена е за ситни пари“
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Револтирана од, како што вели, личните дискредитации и вмешувањето на нејзиното семејство за ситни политички поени, Ѓорѓиевска порача дека чантата нема никаква допирна точка со скапиот бренд.
„Нема врска ниту по потекло, ниту по цена, ниту пак носи таков натпис. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата. Има одлични работи за супер евтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот“, порача таа.
Ултиматум до Бихаќка: Јавно извинување или тужба
За да стави крај на политиканството, таа упати јасен ултиматум до најголемата опозициска партија. Ѓорѓиевска бара јавно извинување и итно повлекување на лажните тврдења кои го вознемириле нејзиното семејство, вклучувајќи го и нивниот малолетен син. Доколку тоа не се случи, таа најави дека ќе ги искористи сите правни механизми и ќе поднесе тужба за заштита на честа и угледот.


