во ,

ТИРАНА ВО ПЛАМЕН: Запалена вилата на Енвер Хоџа по жестоки протести

Протестите во Тирана ескалираа со палење на поранешната вила на Енвер Хоџа, по судири меѓу демонстранти и полиција

Според албанските медиуми, дел од насобраните граѓани се упатиле кон објектот што некогаш служел како резиденција на поранешниот комунистички лидер. Во текот на инцидентот била фрлена запалива материја, по што избувнал пожар кој предизвикал значителна материјална штета.

Полицијата интервенираше, неколкумина приведени

Супер Попуст -25%

Безбедносните сили интервенирале за да го локализираат огнот и да ја растераат толпата. Засега нема официјални информации за повредени, но албанските власти потврдија дека неколку лица биле приведени.

Протестите во албанската престолнина траат неколку дена и се насочени против актуелната власт, со обвинувања за корупција и лошо управување. На социјалните мрежи се шират видеа со густ чад и пламен над вилата, додека демонстрантите извикуваат пароли. Ситуацијата во градот останува напната, а полицијата е распоредена на повеќе локации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЗАЛИВОТ ПОД УДАР: Нови детонации во Доха и Манама

Трамп слави историска победа: Збришано е највисокото раководство на Иран во само една ноќ