
Најпознатиот македонски шоумен, Игор Џамбазов, јавно ја крена главата против социјалниот терор и бруталните осуди со кои се соочуваат луѓето кои немаат деца. Во искрено и крајно емотивно интервју со Марио Арангеловски, тој застана во жестока одбрана на својата поранешна партнерка, алпинистката Илина Арсова. Џамбазов призна дека бил згрозен и длабоко погоден од коментарите на социјалните мрежи кои бесрамно ја таргетирале неа. Тој порача дека никој во јавноста нема право да суди без да знае низ какви лични борби и болки поминува една жена. Јавниот линч врз успешните жени во Македонија конечно доби брутален одговор од актерот.
Ретка интелектуалка на мета на бедни и подли коментари
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Џамбазов не штедеше пофални зборови за Илина, опишувајќи ја како ретка жена, уметник и активист, потенцирајќи дека токму таквите ликови најмногу им пречат на затуцаните умови. Тој јавно ги прозва сите оние кои си земаат за право да коментираат за нејзиниот приватен живот по Фејсбук. Шоуменот истакна дека е монструозно да се навредува жена на 40 и кусур години поради тоа што не станала мајка. Осудувањето на нечија интимна состојба или потенцијален здравствен проблем го нарече чист идиотизам. Македонскиот менталитет во овој случај покажа фатална доза на суровост и малограѓанштина.
Драма во Дојран: „Камо деца бе, со кучиња ли живееш?“
62-годишниот актер сподели и сопствено бизарно и непријатно искуство од секојдневниот живот во Дојран. Тој раскажа за момент кога бил нападнат од постар маж на улица само затоа што во дворот си играл со своето куче Ферхунде. Минувачот арогантно го прашал зошто чува животни наместо да прави деца, што целосно го извадило Игор од такт. Актерот ја спореди оваа дрскост со ситуација во која на болен човек со рак би му префрлиле за неговата болест. Оваа подла и бедна храброст на македонскиот граѓанин да чепка по туѓите рани ја отсликува целата општествена деградација со која се соочуваме.
Спермограм во Струмица: „Игор, терај работа, опавчињата уште мрдаат“
Во свој препознатлив стил, Џамбазов ја скрши и најголемата машка табу-тема во Македонија, откривајќи интимни детали од времето кога бил во врска со Илина. Тој призна дека направил спермограм во Струмица за да ја провери својата плодност, по што докторот му соопштил добри вести со зборовите дека „опавчињата уште мрдаат“. Игор нагласи дека имал низа непристојни понуди од познати жени кои сакале да родат негово дете само за генетика, но тој сето тоа го одбил. Тој цврсто верува дека дете се прави исклучиво од чиста љубов, а не од ладна математика и пресметки.


