
Фашираните шницли спаѓаат меѓу оние класични јадења кои се секогаш добредојдени на семејната трпеза. Овој рецепт со години се пренесува без големи промени, зачувувајќи го автентичниот вкус кој потсетува на детството. Се подготвуваат од наједноставни состојки, а во комбинација со пире од компири, свежа салата или зеленчук, претставуваат комплетен ручек кој со задоволство ќе го изедат и возрасните и децата.
Потребни состојки (за 4 лица)
- 300 г мешано мелено месо
- 1 помала главица кромид
- 1 чешне лук
- 1 јајце
- 80 г презла (лебни трошки)
- 2 лажици брашно
- 1 лажичка сенф
- 1 лажица ситно сечкан магдонос
- Со и бибер по вкус
- Масло за пржење (по потреба)
Начин на подготовка
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Најпрво ситно исечкајте ги кромидот и лукот. Во подлабок сад ставете го меленото месо, па додадете ги исечканиот кромид и лук, јајцето, презлата, сенфот, магдоносот, како и сол и бибер по вкус. Добро измешајте ја смесата со раце за да се соединат сите состојки и оставете ја да отстои десетина минути за да се впие влагата и полесно да се обликуваат шницлите.
Откако смесата ќе отстои, обликувајте поголеми овални шницли и извалкајте ги во брашно од сите страни. Загрејте масло во тавче и пржете ги шницлите на умерена температура додека не добијат убава златнокафеава боја. Превртувајте ги внимателно за рамномерно да се испечат, а потоа вадете ги на хартиена салфетка за да се впие вишокот маснотија. Послужете топло со прилог по желба!


