
Полнетите пиперки се едно од оние јадења кои никогаш не излегуваат од мода, без оглед на тоа колку нови рецепти и трендови пристигнуваат во нашите кујни. Доволно е од рерната да се прошири нивниот препознатлив мирис за многумина да се сетат на неделните ручеци и моментите кога целото семејство се собирало околу трпезата. За разлика од класичните полнети пиперки кои се варат во тенџере, оваа верзија од рерна има посебен шмек. Пиперките остануваат сочни, филот е богат со вкусови, а сосот од домати за време на печењето создава совршена арома на која е тешко да ѝ се одолее.
Потребни состојки
- 8-10 пиперки (бабури)
- 400 г мелено месо
- 1 главица кромид (или помал праз)
- 2-4 чешниња лук
- 1 поголем свеж домат
- 70 г измиен ориз
- 1 јајце
- 1 лажичка мелена црвена пиперка
- 1 рендан морков
- Сол и бибер по вкус
- Малку масло
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
За преливот:
- 200 мл пасиран (варен) домат
- 200 мл вода
- 1 лажица пченкарен скроб (нишесте)
Начин на подготовка
На малку масло пропржете ги ситно исечканиот кромид и ренданиот морков додека не омекнат. Додадете го ситно исечканиот лук и кратко пропржете за да пушти арома. Во смесата потоа додадете ги кратко сварениот ориз и мелената црвена пиперка. Посолете и побиберете по вкус, па сè добро измешајте за состојките да се соединат.
Кога масата малку ќе се излади, додадете го јајцето. Добиената смеса измешајте ја со меленото месо и добро замесете со раце за филот да биде изедначен. Измијте ги пиперките, исчистете ги од семките и внимателно наполнете ги со подготвениот фил. Секоја пиперка затворете ја со тркалце свеж домат – овој мал трик дава дополнителна сочност и побогат вкус за време на печењето.
Тајната на сочниот сос
Наредете ги пиперките исправено во претходно подмачкан плех или тавче за печење. Во посебен сад измешајте ги пасираниот домат, водата и пченкарниот скроб, внимавајќи да не останат грутки. Прелијте го сосот преку пиперките; за време на печењето тој ќе се згусне и целосно ќе го збогати јадењето.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу еден час, односно додека пиперките не омекнат, а филот не биде целосно испечен. Послужете ги топли во комбинација со домашен леб, пире од компири или сезонска салата и уживајте во вистинскиот домашен вкус!


